Што да очекувам ако дојам? Дали моето тело ќе се врати во нормала? - Јасмина за постпородилниот период и важноста од физичка активност
Колку килограми ќе изгубам одма после породувањето? Што да очекувам ако дојам? Кога можам да почнам да вежбам? Дали моето тело ќе се врати во нормала? - се прашуваат мајките родилки во периодот после породувањето.
Постпородилниот период е многу чувствителен за секоја жена. Период на запознавање и грижа околу новороденчето, на привикнување на промените што доаѓаат, како за секоја жена, така и за мене - вели Јасмина Трипуновски, мајка на едногодишниот Лазар.
Во тој период таа имала доста моменти на слабост, иако, и покрај уморот, стресот и стравот од непознатото, се трудела се' да се одвива колку што е можно подобро.
- Не постои лесен постпородилен период. Но можам да кажам дека секоја жена е различна, и тоа е период кој мора да се помине, а секоја помош е добредојдена и
многу е битно да ја имаш.
Во бременоста нашето тело е изложено на промени, хормони, нови навики, покачени килограми. После породувањето пак, изложени сме на променливо расположение, замор, опаѓање на косата повеќе од вообичаено..
Токму големата потреба од помош и подршка после породувањето, биле поттик за Јасмина, да се потруди сега таа да им ги пружи истите на жените родилки.
„На жена родилка биди таква подршка како што тебе ти беше потребна кога ти го поминуваше тој период, јас настојувам да бидам за сите таква“, вели таа, па затоа доаѓа на идеја да создаде платформа каде ќе ги обедини жените родилки и заедно, преку активности ќе се поддржуваат и трудат да го пребродат најчувствителниот период во животот на една мајка.
-Со оглед на тоа што бев долгогодишна спортистка (ракомет) и сум дипломирана на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје имам доста познавања за спортот и здравиот начин на живот, со постојано учење на нови работи и надополнување се одлучив да најдам начин да го пренесам моето искуство со цел да помогнам на тие што им е потребно и што ќе побараат помош.
Подолг период работев на тоа да најдам начин како да помогнам на мајките родилки, полесно да го поминат постпородилниот период, да закрепнат и да го подобрат и физичкото и менталното здравје.
Со моето знаење и со многу труд, посветеност и љубов работев и го создадов проектот www.befitmom.mk!
Проект во кој може да се пронајдат сите жени, девојки, а акцентот го ставив на МАЈКИТЕ! Сакам и успевам во тоа да помогнам да се подобри и физичкото и менталното здравје, особено во периодот после породувањето.
Јасмина се остварила како мајка пред скоро година ипол, а вели дека тогаш сфатила дека има вистина во тоа дека да се биде мајка е најтешката и најблагородната работа!
Затоа вели, сега е овде за секоја мајка и жена, често разговара со нив, се труди да биде што покорисна, а најбитно и е да има добри резултати.
Покрај останатите програми за жени таа креира специјална програма за постпородилен период, водич за исхрана кај родилки, жени што дојат и жени што не дојат, како и вежби за истите.
-Живееме во време во кое се живее многу брз и динамичен живот, и многу често наидуваме на коментари дека немаме доволно време се да постигнеме, но со само 10минути вежбање на ден можеме да го подигнеме енергетското ниво и да бидеме порасположени.
Со текот на времето тренингот можеме да го продолжиме на 30минути и можат да се постигнат одлични резултати, вежбите им помагаат на мајките и сите жени подобро да спијат, да го регулираат притисокот и нивото на енергија.
Многу е важно да најдеме активност во која ќе уживаме. Ако сакаме да правиме нешто и му се радуваме на секој тренинг многу полесно ќе најдеме време за тоа. А по вежбањето ќе му се вратите на бебто и на другите обврски, расположени, насмеани и со нова енергија, вели Јасмина и додава дека од моментот на креирањето на платформата, многу мајки ја побарале, а најчестите пораки и прашања кои пристигаат до неа се страв од променливо расположение, замор, опаѓање на косата повеќе од вообичаено, а таа ги советува:
-Променливото
расположение доаѓа од хормонските промени, непријатност од самиот пораѓај,
емотивното прилагодување со мајчинството.
-Заморот
доаѓа од недостатокот на сон, грижата за бебето, телото на жената во бременоста
поминува преку големи телесни промени и осеќа голем замор, додека одморот е
неопходен.
-После
пораѓајот количината на естрогенот се намалува и со тоа опаѓањето на косата е
поголемо.
Но исто така многу често ја прашуваат за совети во врска со телото: колку килограми ќе изгубам одма после породувањето!? Што да очекувам ако дојам? Кога можам да почнам да вежбам? Дали моето тело ќе се врати во нормала?... и слично.
-Ме радува затоа што многу жени се трудат да направат нешто добро за своето тело и здравје, вели таа.
Како еден од проблемите што може да се појави во постпородилното закрепнување е ризикот од појава на депресија. До појава на депресија доаѓа од повеке фактори, почнувајќи од хормонски промени, чувство на изгубеност, збунетост после пораѓајот, интензивно фокусирање и внимателност на фамилијата и пријателите кон родилката, замор и исцрпеност, намалена самодоверба после телесните промени кои се случуваат по бременоста, стрес во врска со грижата за новороденчето и слично.
-Физичката активност во постпотодилниот период и правилната физичка програма има позитивни ефекти како на физичкото така и на психичкото здравје на жената после пораѓајот, советува Јасмина.
Иако вежбањето е последната работа на која жената може да мисли после породувањето, потребно е жените да бидат доволно информирани за тоа колку тој став е погрешен. Но редовната физичка активност е една од најдобрите работи што жената може да ја направи за себе и за своето здравје.
Многу жени по раѓањето на бебето доживуваат нова самодоверба и љубов кон сопственото тело. Свесноста дека нашето тело може да подари нов живот и да се трансформира за време на бременоста и породувањето придонесува да почнеме да се однесуваме кон него со поголема почит и љубов. А со таа самодоверба доаѓа и волјата не само да се вратиме во форма - туку да одиме чекор подалеку и да станеме посветени вежбачки.
Затоа Јасмина порачува:
Мислите дека ви се скратени многу работи!? Да, сменет ви е животот, но сега уште поубав од што ви бил, да вие сега сте мајка на прекрасно детенце.
Не смеете во ниеден момент да заборавите на себе, напротив треба да бидете уште повеќе посветена на себеси, уште посреќна, задоволна, исполнета... зошто на секое детенце му е потребна среќна мајка!
*Љ.И