Што ќе каже Богдана: Анастасија цела ноќ се забавуваше со поранешната девојка на Вељко во Дубаи
Сопругите на фудбалерите уживаат во Дубаи...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ се врати кај својот сопруг Немања Гудељ во Севиља откако го прослави празникот Свети Никола во својот дом во Белград, а веднаш потоа заминаа на одмор во Дубаи. Таму Анастасија се запознала со поранешната девојка на нејзиниот брат Вељко, манекенка Ана Рајковиќ, со која се сликала за време на ноќно излегување.
Овој момент го овековечија со фотографија која ја споделија со своите следбеници преку социјалните мрежи, а набрзо ги преплави нивните фан страни и наврнаа позитивни коментари.
Ана Рајковиќ денес е во брак со репрезентативниот голман Предраг Рајковиќ и имаат два сина Реља и Тадија.
Од друга страна, Вељко и Богдана го чекаат своето трето дете Илијан, додека веќе ги имаат постарите наследници Жељко и Крстан.
Фото:instagram