Што се кармички врски и како да ги препознаете: Додека не платите за сите нерасчистени сметки во врските од минатото ќе ве следат и во следниот живот

Ако некогаш сте се запрашале што се кармички врски, дали постојат и како да ги препознаете, неодамна се појави твит кој одговори на сите овие прашања.

Имено, кармичките врски се врски кои во минатото биле прерано прекинати, тоа се врски каде некој му е должен на другиот, а претходно повредениот партнер повторно се среќава во овој живот со оној кој го повредил и му враќа.

Значи, зборуваме за силни, тешки врски, кои не завршуваат додека не се врати тој долг од минатото.

Која е цената на блискоста?

Законот на кармата вели дека за секоја акција мора да има реакција, но не е одредено во кое време/живот се случува. Казна или пат до одговорите, наречете го како сакате!

Кога ќе го запознаете вашиот кармички партнер, тоа се чувствува во првиот момент, врската е обоена со силна привлечност, посесивност и нестабилност.


Како ја препознавате оваа врска?

Постојани кавги, тешкотии, пречки, драматични ситуации и како што се решава еден по еден проблем, страста се гаси.

Нечиј Марс во контакт со вашата лична планета носи кармички агресор кој ви враќа за претходно направеното.

Партнерот е опседнат со вас, бидејќи се плаши да не ве изгуби повторно во овој живот.

Сепак, интересно е што повеќето кармички врски не успеваат, и погрешно се смета дека се сродни души.

За жал, кармата мора да се исплати.