Што се прави со бадниковото гранче по Божиќ: Еве што велат обичаите

Добивај вести на Viber

Бадниково гранче или Баднак — отсечен дел од дабово дрво, кое според традициите на православните христијани во Македонија, а и скоро во целиот православен словенски дел на Балканот, треба да се постави во огништето или каминот и да гори за Бадниковата Вечер. Општо и целата куќа се украсува со Бадникова гранчиња.

Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 век. Бадниковото гранче, кое го симболизира здравјето, ги слави животот и вечната среќа. Тоа е гранче од дабово дрво, а во дамнешните времиња овие дрвја се сметале за најиздржливи и за највековити. За разлика од другите листопадни дрва, со почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат својата боја, но повеќето од нив се задржуваат на гранките во текот на зимата. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да ги затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

По старите обичаи, Бадниковото гранче се чува во близина на огништето три дена. Што да се прави со него по Божиќ?

Бадниковото гранче треба да се запали и да се остави да гори во шпоретот во куќата. Огнот што се појавува при палењето на Бадниковото гранче носи плодност и му помага на целото домаќинство, но не треба да се разгорува со дување, туку да се остави да изгори самостојно.

Се разбира, дел може да се зачува во куќата, но поголемиот дел не треба да се фрла.

За сите оние кои немаат горилници, шпорети или печлки, гранчето треба да ја оставите некаде во природа, но многу е важно како го правите тоа.

Оставете го во близина на дрво, по можност негово родно, и никогаш не фрлајте го на страната на патот или во контејнери.

Многумина пак, велат на следниот оган кој се пали ноќта пред Бадник е најубаво да го ставите внатре бадниковото гранче да изгори.

Што и да одлучите да направите е ваша одлука, само немојте да го фрлате во ѓубре.