ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ: Скенирајте веднаш и купувајте во продавници што издаваат сметки за македонски производи

Наближува викендот без ДДВ, за околу десетина дена отсега.

Оваа владина мерка од четвртиот сет предизвика голем интерес кај граѓаните. 

Како што неодамна најави Владата, викендот без ДДВ ќе се случи на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11 октомври.

Премиерот Зоран Заев неодамна рече дека оваа мерка треба да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“. Тие за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

Сите информации за викенд без ДДВ прочитајте ги на Фактор.мк