Што ѝ вети принцот Вилијам на Кејт пред бракот: Досега не го прекрши

За многу жени кои стапуваат во брак со семејството Виндзор, тоа значи крај на претходниот начин на живот, но принцот Вилијам беше решен да го направи тоа што е можно полесно за неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Кејт Мидлтон е позната по тоа што е близу до нејзините родители Керол и Мајкл, братот Џејмс и сестрата Пипа.

Според некои извештаи, Вилијам ја убедил својата тогашна идна сопруга дека нема да мора да го напушта семејството на денот кога ќе стане член на кралското семејство.

Во документарниот филм за војвотката „Кејт Мидлтон: Од работничката класа до Виндзор“, новинарката Кети Никол објаснува како двојката го прекршила стариот обичај.

„Кога Вилијам ја запроси Кејт, тој јасно и даде до знаење дека нема да мора да го остава своео семејството зад себе кога таа ќе му се придружи на неговото семејство. Тој и вети дека тие секогаш ќе бидат дел од семејството, и така беше. Така членовите на семејството на Кејт присутни на бројните настани организирани од кралицата“ - вели Кејти.

Семејството на Кејт е постојано присутно на важните настани во дворецот, а кога се омажи нејзината сестра Пипа, принцот Хари беше на венчавката.

Подоцна, кога се ожени со Меган Маркл, Хари возврати и го повика целото семејство на Кејт Мидлтон, пренесува The Sun.