СИМОНА СТАНКОВСКА ВО „ГАРДИЈАН“

Добивај вести на Viber

Во рубриката „Лајфстајл“ во статија посветена на трендот со кој луѓето се опседнати со нега на кожата, британскиот весник „Гардијан“ одлучи како илустрација да го искористи лицето на нашата позната манекенка и поранешна водителка Симона Станковска. Фотографијата превземена од сервисот Getty Images е дело на Владимир Флојд.

Симона пред три години победи на изборот за убавина „Мис Медитеран“ кој се одржа во градот Киренија, Кипар.