Синот Стефан пристигна дома: Екс министерката Нина и сопругот превозбудени за новата животна улога
Пред неколку дена Нина Ангеловска, поранешната министерка за финансии, стана мајка за прв пат
Таа овој пат среќната вест ја сподели со своите пријатели на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од пристигнувањето дома со синот кој го доби името Стефан.
Дома ја пречекаа најблиските, а тазепечената мајка напиша:
„Нашата радост, нашиот нов член пристигна Стефан Станков 17/07/2024
Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чуството на прво запознавање, допир, бакнеж ... Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе ѝ се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега е време за нас тројца.
Секоја чест за Аџибадем Систина Хоспитал- организиран систем пар екселанс, посветен, стручен, позитивен персонал, од доктори, сестри до болничари и хигиеничари, кои придонесуваат за целото искуство да биде на нивото кое што е. Особено значи таа беспрекорна пост-партум грижа во моменти кога е најпотребна!“