Сите ѝ велат дека изгледа како девојче, а таа е мајка на три деца: Луѓето не ми веруваат на годините

Оваа мајка ја следат повеќе од 60.000 луѓе на социјалната мрежа Тикток

Мени Џејн Лиса, инфлуенсерка од Америка, стана сензација на социјалната мрежа TickTok последниве денови, кога објави видео во кое зборува за тоа колку години има, и со тоа целосно ги шокираше своите следбеници.

Поради нејзиниот младешки изглед, никој не можеше да претпостави дека Џејн има три деца и 43 години.


Таа во видеото објасни дека речиси никој никогаш не го погодува точниот број на нејзини години и дека и се случило неколку пати луѓето да бараат лична карта за да се уверат дека не ги лаже.

- Главно мислат дека имам 20 години. Навистина ми ласка, но понекогаш може да биде проблем кога одам во продавница, па на каса продавачка ќе ми ја побара личната карта - рекла оваа млада мајка.

Многу луѓе се воодушевени од нејзиниот изглед, па ја прашаа како се справува со тоа и дали има тајна за нејзината младост.

- Мислам дека се работи за генетика, скоро сите жени во моето семејство изгледаат помладо од што се - заклучи таа.

Но, и покрај сите видеа во кои Џејн тврди дека има 43 години, сепак има луѓе кои не и веруваат.

- Искрено мислам дека имате помалку од 20 години. Ќе верувам само кога ќе ги покажете документите - напиша еден човек, а друг додаде шеговит коментар:

- Ако имаш 43 години, тогаш јас сум Аријана Гранде!


(Извор: Телеграф.рс)

Фото:

Printskrin: TikTok/manilisajane