Сите родени помеѓу 1950 и 1980 година ова задолжително да го прочитаат!

Ние пријатели не додававме, туку со време ги стекнувавме! Немавме ниту проблеми со концентрацијата во школо...

Нам не ни се давани таблети против хиперактивност. Ние немавме школски психолог и воспитувачка па сепак завршувавме некакво школо.

Нам не ни продаваа дрога пред училиште. Немавме ниту плејстејшн, нинтендо, никакви видео игри, немавме 99 канали на телевизија, само два и тоа вториот дури од попладне, немавме видео рекордери, сараунд саунд, мобилни, компјутери, интернет, чет соба...

Ние имавме пријатели и се дружевме со нив!

Паѓавме од дрво, знаевме да се исечеме на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не оделе на суд поради тоа.

Си игравме со џамлии, градевме тврдини од снег, фрлавме петарди за Нова година, читавме стрипови и се тоа го преживеавме без последици!

Се возевме со велосипед или одевме пеш, дотрчувавме до куќата на пријателите, им ѕвоневме на врата или едноставно влегувавме во нивната куќа да се дружиме и да бидеме заедно!

Кога ќе имавме проблеми со законот, родителите не плаќаа кауција да не извлечат. Всушност, беа почесто строги отколку самиот закон што е!

Последните 50 години беа најплодни години во историјата на светот. Нашите генерации дадоа најдобри пронаоѓачи и научници досега.

Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност. И научивме да живееме со тоа!

И ти и припаѓаш на таа генерација?

Честитаме. Можеби ќе сакаш да го споделиш ова со останатите кои имаа среќа да пораснат како вистински деца, пред адвокатите, државата и владата да почнат да одредуваат ккако треба да се живее!

Можеби би било добро да им ја пратите оваа порака и на вашите деца да видат како растеле нивните родители!

Поздрав генерацијо и „живели“! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме можеме само прегрнати.