Сите се прашуваа зошто оваа убавица не беше на натпреварот Србија-Англија, а вистината е срамна: Била во лажна врска со овој фудбалер поради маркетинг
Многумина очекуваа таа да се појави на мечот меѓу Србија и Англија на Европското фудбалско првенство во Германија, но таа не беше на трибините. Се наоѓаше во Париз, на 400 километри од местото каде што се одигра натпреварот. И сега е позната причината за нејзиното отсуство, a истата е прилично срамна.
Лаура Селија Вок не можеше да се види на трибините на стадионот во Германија, иако на големо се шпекулираше дека е во врска со фудбалерот Џуд Белингем. Сега мистеријата на нивната романса е откриена, а вистината е дека тие не биле во врска.
Сето тоа е резултат на маркетиншкиот трик на модниот бренд Pretty Little Thing од Манчестер, со кој соработуваа и Лаура и Белингем. За време на снимањето на кампањата на оваа модна куќа во Мадрид, познатата манекенка и фудбалерот се зближиле, но нема докази дека се случила романса.
Како што се претпоставува, сè е дизајнирано од познатиот бренд кој ја раширил приказната дека Лора била маѓепсана од англискиот репрезентативец и дека таа престојувала во неговиот дом во Мадрид, каде тој вообичаено игра за Реал Мадрид.
Партнерката на овој фудбалер велат дека е убавица со најубави очи.
Два месеци откако се појави таква приказна, се уште нема заеднички фотографии, а тој се уште е на ексклузивната апликација за запознавање Ray, пишува Daily Mail.
„Pretty Little Thing доби голем публицитет. Приказната за тоа дека Лаура и Џуд се заедно беше насекаде, и секогаш кога приказната се повторуваше, PLT се споменуваше. Тоа е многу паметно, навистина. Светот чекаше Лаура да се појави , но се чини дека таа нема ни да дозволи тоа да се случи, таа е во Париз и ужива“, рекол изворот.
Лаура има 370.000 следбеници на Инстаграм, поседува агенција за консултации за социјални медиуми и студирала бизнис во Амстердам.
Англискиот фудбалер кој денеска со соиграчите игра против Данска, а принцот Вилијам доаѓа да го гледа тој натпревар, бил во врска со пејачката Рмарни. Тој соработува со модниот бренд на Ким Кардашијан, а неговиот трансфер од Дортмунд во Реал Мадрид минатата година изнесуваше 85,5 милиони фунти.