Скршена мајка: Моето најмило почина 8 дена по раѓање поради нешто што сите го правиме

Добивај вести на Viber

Младата мајка Абигали од Оакланд, САД тврди дека нејзината ќерка во првите 36 часа од животот била сосема здраво девојче, по што станала летаргична, добила температурата и изгубила апетит, па починала

Само осум дена живееше Ализа Роуз Френд, која почина од неонатален херпес предизвикан од вирусот ХСВ1.

Нејзината мајка, 19-годишната Абигали, сега сака да се подигне свеста за опасноста од вирусот и да ги предупреди другите родители да не ги прават грешките што таа го направи, и за кои таа не беше ни свесна. 

Бебенцето набргу заврши на апарати што ја одржуваа жива неколку дена, но по осмиот ден од раѓањето, почина. Лекарите и објаснија на мајката дека девојчето доби вирус откако некој ја бакнал или прегрнал со неизмиени раце. Затоа сака да ги предупреди сите родители. 

- Се надевам дека нејзината приказна може да ја подигне свеста на родителите дека не треба да ги бакнуваат бебињата и редовно да ги мијат рацете. Не мислев дека вакво нешто може да ти се случи. Ужасно е. Јас само сакам луѓето да станат свесни дека ова е голема закана за децата - раскажа младата мајка.

- Оваа болест е ретка и јас, како млада мајка, немав слушнато за тоа. Таа почна да собира течност во белите дробови, а потоа околу мозокот, додека не почина. Вирусот е смртоносен за деца помлади од две недели, а ако успеат да преживеат, ќе им треба целодневна грижа во остатокот од животот - додаде таа.