Славчо Попоски: Македонија треба да го укине зимското сметање на времето
Најверојатно, Македонија за последен пат ги помести стрелките на часовникот наназад за еден час изминатава ноќ и така премина кон зимско сметање на времето.
Летното сметање заврши во три часот по полниќ, кога часовниците се вратија еден час назад, односно на два часот. Убавата вест е дека ќе спиеме час подолго.
Меѓутоа, веќе следната година, оваа пракса би можела да се промени бидејќи Европската комисија во текот на оваа година предложи стрелките повеќе да не се поместуваат два пати годишно, така што последното поместување би можело да се промени уште во март следната година.
Како и каде ќе биде, ќе се знае во април 2019 година, до кога земјите членки на Европската унија имаат време да одлучат дали сакаат трајно да изберат зимско или летно сметање на времето. Истото важи и за Македонија, која исто така ќе го избере тоа време кое ќе го изберат земјите на Унијата.
Она во што се согласни и експертите и Европската комисија, е дека единственото време дефинитивно е подобро решение од поместувањето на стрелките два пати годишно.
„Фактор“ за мислење по ова прашање го запраша метеопрогнозерот Славчо Попоски кој вели дека овој предлог би требало да се усвои.
„Моето мислење како метеорогнозер а сигурен сум и на многумина од граѓаните би било одлично доколку навистина овој предлог конечно се усвои и останеме само на летното сметање на времето.
Целиот текст читајте го на Фактор овде.