(ВИДЕО) Со атрактивни полицајки една земја сака да ја смени сликата пред туристите

Добивај вести на Viber

Полицајки во провокативни панталони го регулираат сообраќајот во Либан за да го зголемат бројот на туристи.

Властите за ова лето подготвија посебна униформа за атрактивните полицајки. Тие во куси и тесни панталони и припиени маички го регулираат сообраќајот со цел да привлечат туристи од регионот.

,,Дури 99 проценти од туристите во медитеранските земји носат куси панталони и не гледам каде е проблемот ако и ние малку ја скусиме униформата”- изјави градоначалникот на туристичкиот град Бруман, Пјер Акар. 

Додава дека сака да ја смени „црната“ слика која туристите ја имаат за Либан