СО КИСЛОРОДНА БОЦА ЛАНИ БЕШЕ КАЈ ПЕНДАРОВСКИ ДА МОЛИ ЗА ЛЕК: И Илиевски и останатите болни од цистична фиброза уште го чекаат лекот

Белите дробови на 45 годишниот Благојче Иливески од Битола едвај му овозможуваат да земе здив. Ретката болест, цистична фиброза, речиси целосно му ги нагризала овие органи, но  мултисистемското заболување со кое цели 10 години се бори Илиевски освен што го уништува неговиот респираторен систем, тешки последици остава и на дигестивниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење.

Во разговор за Фактор, еден од најтешките болни пациенти од цистична фиброза, раскажа како изгледа неговото секојдневе. Зборуваше полека за да го намали заморот. Предизвици има многу, вели Илиевски, а најголемиот е да се земе здив.


Подетално читајте на Фактор тука.