СО ПОДВОДЕН ДРОН СЕ ТРАГА ПО МАРТИН НА ХАЛКИДИКИ: Камерата обезбедува слика на длабочина од 100 метри

Спасувачката акција по младиот скопјанец кој уште во саботата исчезна во морето во Посеиди на Халкидики продожува неуморно од страна на грчките волонтери и крајбрежната стража. Медиумите во соседна Грција јавуваат дека и подводен дрон е вклучен за да се лоцира момчето, за кое како што се наведува, не знаел добро да плива.

ПРЕКРАСНА ПЛАЖА КОЈА ЗА МОМЕНТ СТАНУВА СМРТОНОСНА: Што не знаат туристите за местото каде се трага по третиот исчезнат Македонец во Грција

Потрагите, како што наведува in.gr засега остануваат без резултати и продолжуваат во тешки услови, бидејќи во моментов дуваат ветрови од пет бофори, соопштуваат од крајбрежната стража, додавајќи дека во операцијата е вклучен пловен објект на крајбрежната стража и два параедриличари, а претходно трагал и хеликоптер.


Подетално читајте на Фактор тука.