(ВИДЕО) Со помош на видео од интернет мајка на четири деца изгради куќа

Жена успеа да изгради куќа на два ката со пет соби само гледајќи видео на YouTube.

Кара Брокинс и нејзините четири деца го направија ова. 

Нејзиниот најстар син, Дру, и помагал на мајка си да направи нацрт на куќата и да добие одобрение од страна на градот за изградба, а нејзината ќерка Џеда почнала да собира вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темели, додека нејзината друга ќерка готвела оброци за сите.

Така успеала да изгради куќа за себе и за своите деца со 9 месеци работа. 

Кога инспекторите за прегледување на куќата дошле, биле изненадени како е  професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка, без никакво знаење за градежништво.

Нивниот дом кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два ката кои ги нарекле Inkwell Manor, куќата денеска вреди околу половина милион евра.