Со внимателно сервирана и украсена трпеза: Симона Поповска го прослави именденот на синот Никола

Добивај вести на Viber

Поп-пејачката Симона Поповска вчера го празнуваше именденот на синот Никола.

Малиот Никола е прва радост на пејачката и нејзиниот сопруг.

Со посна трпеза внимателно сервирана и украсена, пејачката ги пречекала гостите. Празничната атмосфера Симона ја надополнила со новогодишната елка украсена со сини лампиони.

Симона покрај Никола, го има и синот Стефан.

По долга пауза пејачката оваа година настапи на музичкиот фестивал „Макфест“ со впечатлив стајлинг.

Фото: Инстаграм