Роберт, сопругот на Антониа Гиговска слави роденден: Најубавата честитка ја доби од сопругата- еве каква

Добивај вести на Viber

Роберт Спасенцовски - Џокер е музичар кој израснал опкружен со музиката. Неговиот татко е познатиот фолк пејач, Бобан од кого го наследил талентот за музика.

Тој има неколку свои песни зад себе, а е верен поддржувач на својата сопруга и мајката на неговото дете, Антониа Гиговска.

Младиот Роберт денес има убав повод за славење, тој слави роденден.

Првата честитка ја доби токму од синчето Киан, со кого објави фотографија и напиша: „Мало тигарче за роденден“. Киан наликува и на двајцата родители, но насмевката ја зел од татко му, Роберт.

Со фотографија од малото младо семејство, мама Анотина му го честиташе роденденот на сопругот: „Најсреќен роденден тата, те сакаме“

Честитките по повод роденденот на пејачот продолжија да се нижат, а тој ги пресподели на Инстаграм Стори:


Фото: Инстаграм