Советот за етика во медиумите ја потврди професионалната работа на новинарите на Женски Магазин

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 09.05.2023 година, врз основа на примена жалбa од лицето Ина Џугуманова ја донесе следната:

ОДЛУКА

ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕОСНОВАНА

Интернет порталот „Женски магазин“ со текстот насловен „Прерано згаснаа тие очи

како срна: Животот си го одзеде на 45 години - 4 години од смртта на познатата актерка

Билјана Беличанец“, објавена на 06.04.2023 година, не ги прекршил етичките и

професионални стандарди.

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2

1000 Скопје, Македонија

www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595

ЖАЛБА

До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 7 април 2023 година, Ина Џугуманова поднесе жалба за текстот со наслов „Прерано згаснаа тие очи како срна: Животот си го одзеде на 45 години- 4 години од смртта на познатата актерка Билјана Беличанец“, објавена на 06.04.2023 година, на интернет порталот „Женски магазин“.

Во жалбата се наведува дека во предметниот текст е прекршен Кодексот на новинарите, не наведува точно кои членови од Кодексот, но смета дека е неетичко известувањето за починатото лице.

Во жалбата се наведува дека преку оспорената содржина интернет порталот може негативно да влијае врз семејството и блиските личности на починатото лице, а дополнително начинот на кој што е напишан текстот може да поттикне и други лица да си го одземат животот.

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со „Женски магазин“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата. „Женски магазин“ не одговори и не се изјасни по наводите на жалбата.

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и со мнозинство гласови одлучи дека во текстот нема прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА

На седницата на 9 мај 2023 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во оспорената содржина. Комисијата констатира дека од интернет порталот, во моментот на одржувањето на седницата, оспорената содржина е отстранета. Комисијата констатира и дека во оспорената содржина сосема непотребно се откриваат детали за начинот на кој е извршено самоубиство пред четири години, но бидејќи станува збор за јавна личност, како и дека истите детали веќе многу пати биле објавени во јавноста, нема основа да се утврди прекршување на Кодексот, кој пропишува дека не треба да се известува со сензационализам од трагични настани.

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2

1000 Скопје, Македонија

www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595

Дел од членовите на Комисијата, во текот на расправата го застапуваа ставот дека во случајов има елементи на сензационализам во известувањето, но мнозинството имаа став дека кога станува збор за јавни личности можни се отстапки при известувањето за самоубиства, особено што во случајов станува збор за веќе објавени информации.

Сепак, Комисијата апелира до медиумите да бидат исклучително внимателни кога станува збор за сензитивни теми од ваков вид и дека секогаш при известувањето за самоубиства треба да бараат начин да избегнат изнесување премногу описни детали за начините како тие се случиле, дури и кога станува збор за јавни личности. Ова важи дотолку повеќе, што во конкретниот случај нема никаков нов елемент што дава основа да се потенцира фактот дека станува збор за самоубиство или пак да се повторува описот за начинот на кој истото се случило.

***

Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено.

Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Теофил Блажевски, Снежана Трпевска, Ердем Ахмет и Димитар Мицев.

Се обврзува „Женски магазин“, во согласност со членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука.

Со почит,

Совет за етика во медиумите на Македонија Претседател на Комисијата за жалби, Мирче Адамчевски 



**********

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 25 април 2023 година, врз основа на примена жалбa од Здружението за сексуални и родови малцинства скопски „КВИР ЦЕНТАР“ ја донесе следната:

О Д Л У К А - ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕОСНОВАНА

Комисијата одлучи дека жалбата за текстот насловен „Од мајка ми добив благослов за Џејсон: Васил Гарванлиев искрено за партнерот со кој живее во Чикаго и новата песната ‘Ритам’“, е неоснована.

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2

1000 Скопје, Македонија

www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595

ЖАЛБА

До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на 23- ти март 2023 година, Здружението за сексуални и родови малцинства скопски „КВИР ЦЕНТАР“ поднесе жалба за текстот со наслов „Од мајка ми добив благослов за Џејсон: Васил Гарванлиев искрено за партнерот со кој живее во Чикаго и новата песната Ритам“, објавен на 5 декември 2022 година на интернет – порталот „Женски магазин“ (zenskimagazin.mk).

Во жалбата се наведува дека текстот ги прекршил членовите 3, 4, 6 и 9 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Според жалитетот, Интернет порталот „Женски Магазин“ со спорниот текст предизвикал низа коментари на читатели кои се навредливи и може да се квалификуваат како говор на омраза.

Поконкретно, во текстот се објавени две фотографии, на едната е македонскиот пејач Васил Гарванлиев со својот партнер, а на другата покрај нив е и мајката на пејачот. Притоа, објавен е и текстот: „Од мајка ми добив благослов за Џејсон: Васил Гарванлиев искрено за партнерот со кој живее во Чикаго и новата песната ‘Ритам’“. Под текстот и фотографиите оставени се низа реакции и коментари со говор на омраза преку Интернет. Некои коментари се однесуваат генерално на пејачот и партнерот поради нивната сексуална ориентација, а некои содржат и закани по нивниот живот, но и по животот на мајката на пејачот Гарванлиев„.

Во жалбата се наведува и дека во својата судска пракса за содржини со говор на омраза на Интернет, Европскиот суд за човекови права нагласува дека коментарите квалификувани како говор на омраза не можат да бидат заштитени со членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Се посочуваат посебно пресудите: „Делфи АС против Естонија“ (Delfi AS v.Estonia1) и „Беизарас и Левицкас против Литванија“ (Beizaras and Levickas v. Lithuania2).

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет –порталот „Женски магазин“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата.

Медиумот не одговори на наводите на жалителот.

1 Достапно на: https://hudoc.echr.coe.int/fre#{%22itemid%22:[%22002-8960%22]}

2 Достапно на: https://hudoc.echr.coe.int/fre#{%22itemid%22:[%22001-200344%22]}

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2

1000 Скопје, Македонија

www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби едногласно утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА бидејќи е доставена после предвидениот рок за доставување жалба.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА

На седницата на 25 април 2023 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина.

Комисијата одлучи дека нема мандат да расправа за текстот „Од мајка ми добив благослов за Џејсон: Васил Гарванлиев искрено за партнерот со кој живее во Чикаго и новата песната

Ритам“, бидејќи жалбата за овој текст е доставена по утврдениот рок.

Имено, според Правилникот за работа на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите, Комисијата разгледува и одлучува за жалби што се доставени во рок од 30 дена по објавувањето на спорната медиумска содржина.

 * * *

Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено.

Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Теофил Блажевски, СнежанаТрпевска, Ердем Ахмет и Димитар Мицев.

Се обврзува „Женски магазин“, во согласност со членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука.

Со почит,

Совет за етика во медиумите на Македонија Претседател на Комисијата за жалби, Мирче Адамчевски