Совршена оаза на мирот: Нина Бадриќ покажа како ја реновирала викендичката (ФОТО)

Хрватската поп дива Нина Бадриќ, која уште ја нарекуваат и балканската Моника Белучи, деновиве добива пофалби од сите страни за нејзиниот изглед.

Откако објави фотка во костим за капење сите останаа воодушевени од нејзината топ форма и природна убавина.

Инаку, пејачката оваа година бега во својата оаза на мирот веднаш штом ќе ѝ се укаже можност. А следбениците се воодушевени од тоа како ја уредила.

Нина Бадриќ (49) започна да настапува по пауза од повеќе од една година, а времето помеѓу настапи го поминува во викендичката во Јелса на Хвар, која ја нарекува нејзин втор дом.

Следбениците на социјалните мрежи секогаш се воодушевени кога им дава да ѕирнат во внатрешноста на реновираната викендичка, па затоа деновиве ги почести со нови кадрови од просторот.

Во дневната соба доминира црвената боја, а кујната е тиркизна. Просторот го красат цвеќиња и миризливи свеќи. 

- Мојата совршена кујна - напиша Нина кога гордо го најави местото каде ќе се создаваат вистински деликатеси.

Пејачката заработи еден куп комплименти за сметка на одличниот вкус во однос на мебелот и хармоничните бои.

- „Честитки, среденo по ваш вкус“, „Врв“ - пишуваат сите.

извор:24sata.hr