Спасија два живота, мојот и на Тамара: Ивана Поповска искрено за бременоста

Ивана и Борис Поповски уште кога ја дознале веста дека ги очекува принова во семејството почнале да се подготвуваат за доаѓањето на својот нов член. Но, малата Тамара решила да ги изненади мама и тато, па на свет дошла 8 недели порано.

Болките во стомакот и честите повраќања кај Ивана почнале во 31. гестациска недела. Како што поминувале деновите, така ситуацијата се влошувала. Па во 32. гестациска недела со возило на брза помош пациентката од Пехчево била примена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Докторите ја увиделе сериозноста на случајот и веднаш ги презеле сите мерки за уредно породување. Утрото на 25 септември во 3 часот и 40 минути д-р Ана Кацарска на свет ја донесе малата Тамара.

И тогаш кога требало целото семејство да се радува на новиот член, ситуацијата се комплицирала. Болките што Ивана ги чувствувала пред породувањето продолжиле. Нагоните за повраќање само го зголемувале интензитетот. 


Целата сторија прочитајте ја на страната на Аџибадем Систина