Среќа во домот на Алабаковски: Ламбе и сопругата прославуваат една деценија брак
Пејачот Ламбе Алабаковски и неговата сопруга Магдалена прославуваат 10 години од склопувањето на брак.
Со фотографија од денот на венчавката пејачот сподели дека поминала една деценија од тој свет чин за нив.
Инаку, Ламбе со Магдалена имаат два сина, Михаил и Димитриј. А Бигорскиот манастир очигледно за нив е посебно место, бидејќи токму во тоа свето место се венчале, но и го крстија помалиот син Димитриј.
Познатиот пејач пред 2 години се врати од Америка, каде живееше 5 години и тогаш за Женски магаизн раскажа: - Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу, кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“, ни изјави тогаш Ламбе.
Инаку, под фотката од венчавката се редеа честитките од најблиските, но и од голем број познати наши личности.
Фото: Инстаграм - Ламбе Алабаковски/архива - Женски магазин
Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден: Ексклузивно новогодишно интервју со Ламбе Алабаковски