„Среќен развод“: Хит торта во Струмица - дали прославувањето на разводи станува тренд и кај нас?

Добивај вести на Viber

Во светот веќе постојат трендови на прославување на разводи, па дури постојат и агенции кои се занимаваат конкретно со организирање на забави по повод разводи.

Всушност овој тренд започнал во 2003 година, кога девојка по име Кристин организирала забава за разводот на нејзината другарка, со цел да ја развесели. Се покажало дека прославата на разводот влијаела позитивно на емотивната состојба на разведената девојка, па така Кристин решила да стане планер за забави за прославување на развод.

Очигледно овој тренд пополека пристига и кај нас, па така на Фејсбук страната на позната слаткарница во Струмица, осамна фотографија од торта на која пишува: Среќен развод.

Разводите се болни, без оглед дали брачната двојка имала деца или не, тие сепак означуваат крај на едно животно поглавје, но по сѐ изгледа луѓето сѐ повеќе одбираат да се фокусираат на позитивната страна на работите и да го слават животот. 

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2021 година, во Македонија се случиле 1 964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година. 

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, а според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Р.Ж.М