Актуелно // Insta вести
„Среќен роденден, љубов“: Мими Јовановска емотивна за роденденот на сопругот Филип
- 14 Октомври, 2024
Познатиот инструменталист Филип Нунески, кој е дел од бендот „Браќата Нуне“ слави роденден.
Неговата сопруга инаку позната по учеството во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, Мими Јовановска со заедничка фотографија му честиташе роденден на сопругот.
„Среќен роденден, љубов“, напиша Мими.
Инаку Филип минатата година наполни 30 години, па јубилејниот роденден го прослави со спектакуларна забава на која присутни беа најблиските пријатели и соработници на парот.
Мими и Нуне го имаат синот Никола кој веќе има една годинка.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Филип Нуне наполни 30 години: Сопругата Мими му приреди забава за паметење
„Не постојат зборови за да опишам колку те сакам“: Синот на Мими и Нуне полни 1 година