Среќен роденден љубов моја: Фудбалерот Алекс со честитка за сопругата со која се во брак 10 години
Вчера сопругата на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, славеше роденден.
По тој повод Алекс ѝ упати роденденска честитка преку социјалните мрежи.
На инстаграм тој напиша:
„Среќен роденден љубов моја најубава“ - напиша Алекс на инстаграм објавувајќи и фотографија.
Шармантната Србинка и Алекс се во брак полни 10 години.
„Аца ме освои пред сѐ со вниманието кое ми го подаруваше. Бевме многу млади и вљубени. Тоа беше детска љубов. Бидејќи јас сум од Србија, далечината и училишните обврски нѐ спречуваа да ја одржиме врската. Сепак, на крај ништо не нѐ раздели. Имав 22 години кога ме побара за сопруга. Бевме на вечера со негови роднини во Македонија“, ни раскажа Александра во ексклузивното интервју за Женски магазин.
Плод на љубовта на Алекс и Александра се 6 годишниот Матеј и Искра која има 6 месеци. Александра вели дека во мајчинството се снаоѓа многу добро.
ФОТО: Инстаграм