Среќен роденден мамо, да ти се радуваме и заедно да прославуваме до 100: Димитар и Маја со честитка за роденденот на нивната мајка

Добивај вести на Viber

Мајката на Димитар Андоновски, Гордана прослави роденден заедно со нејзините внуци, Михаил, Гаврил и Николај.

Свеќичките на роденденската торта ги дуваа сите заедно со најубави желби.

Роденденската забава Димитар и Маја ја искористиле да направат и селфи братско-сестринска фотографија, но и една семејна со мајка Гордана.

„На мајка децата“, напиша Маја, сестрата на Димитар на објавата.

Маја на својата мајка и посвети емотивен статус.

„Велат децата ги бираат родителите уште пред да се родат. Ако постои живот после овој, и ако пак треба да бирам, за мене ќе бидеш вечен избор.Ти си ми пристаниште после бура, мојот ѕид, ветерот во грб, рамото за плачење, погледот за утеха, најголемата подршка, најжестокиот критичар, ти си ми инспирација за храброст, добрина, праведност и љубов, ти си ми синоним за спокој и мирен сон...Ти си мојата челична дама со душа од кристал. Гордана Андоновска ти си мојата кралица. Биди ми здрава,жива, најсреќна уште многу години заедно со нас. Среќен роденден мамо, да ти се радуваме и заедно да прославуваме до 100“, “, напиша Маја во објавата.


Фото: Инстаграм