„Среќна сум што никогаш немав деца... Мојот сопруг е моето единствено дете“: Доли Партон го „шокираше“ светот

Добивај вести на Viber

Таа е една од ретките ѕвезди кои никогаш не сакаа да имаат потомство. Доли Партон, неодамна за магазинот „Сага“ отворено зборуваше дека никогаш не зажали за таа одлика која ја донела уште во младоста.

„Кога сте млад пар, мислите дека ќе имате деца, но тоа едноставно не беше една од оние актуелни работи за мене. Имав кариера, мојата музика и многу патував. Ако имав деца, сигурна сум дека би останала дома и постојано би се грижела за нив“, рече таа.


Доли истакна дека воопшто не жали што нема деца, особено поради моменталната ситуација во светот.

„Речиси среќна сум што никогаш не сум имала деца. До смрт се грижам за моите мали внуци. Јас и мојот сопруг едноставно се замислуваме како деца. Тој е моето единствено дете, а јас сум негово дете“, истакна таа.

Инаку,  77-годишната кантри-пејачка е во среќен  брак со Карл Томас Дин од 1966 година. Кога се запознале таа имала 18 го а Карл 21.

Фото:instagram