Среќни празници од нашиот нов елф, прв комплетен Божиќ: Семејна новогодишна фотосесија на актерот Жарко Димоски

Добивај вести на Viber

Актерот Жарко Димоски објави новогодишна фотосесија со сопругата Андреа и синот Вито.

Малиот Вито облечен во новогодишно карирано боди, додека Жарко и сопругата се во елегентен аутфит.

За новогодишната фотосесија актерот одбрал класичен костум, додека Андреа е облечена во долг металик фустан.


„Среќни празници од нашиот сосема нов елф. Нашиот прв Божиќ како комплетно семејство.Ви посакуваме на сите љубов и радост во текот на целата година“, напиша Жарко.

Познатиот пар минатата година направи црковна венчавка, а ова лето се оставрија во улогата на родители.

Фото: Инстаграм