Српска двојка ја ископира свадбената фотка на Бекамови: Дејвид воодушевен ги сподели на својот профил
Фото: Instagram
Дејвид Бекам на убав начин му се заблагодари на познатиот Србин за неговата почит
Ноќта на вештерките е празник кој во помала или поголема мера се слави низ целиот свет, вклучително и во Србија. А еден од најинтересните костими во оваа прилика беше оној на познатиот српски фотограф Душан Петровиќ и неговата партнерка Ема Лукетин.
Имено тие го ископираа познатиот виолетов стајлинг од свадбата на Дејвид и Викторија Бекам.
Тоа го воодушеви популарниот Дејвид и тој ги сподели фотографиите од Душан и Ема на својот Инстаграм и на тој начин покажа дека многу му се допаѓа оваа идеја и стајлинг.
За потсетување, Дејвид и Викторија се венчаа во замокот Лутрелстаун во Ирска.
Оваа прекрасна зграда се наоѓа веднаш надвор од Даблин, а венчавката наводно чинела дури 800.000 долари.
Сè се случи на 4 јули 1999 година, а меѓу другото, од таа голема свадба се паметат и нивните познати виолетови стајлинзи.
извор: glossy.espreso.co.rs