Ивана Млаѓовиќ (30), епизодна актерка во популарната серија „Село гори, баба се чешла“ и поранешна плејбој-зајачица, денес е пронајдена мртва во станот на нејзин пријател во населбата Илиќево во Крагујевац, јавуваат српските медиуми.
Според првичниот извештај станува збор за предозирање со психоактивни супстанци. Покрај телото на девојката, во бесознание е пронајден и нејзиниот вереник Милош кој се освестил откако е префрлен во Клиничкиот центар и е веднаш префрлен на интензивна нега.