Животна училница // Приказни
Стаса нашата љубов: По Брена, се огласи и првата жена на Боба
- 06 Март, 2019
Веста дека стана баба, многу ја израдува Зорица Накиќ, мајката на Филип Живојиновиќ, поранешната сопруга на Боба Живојиновиќ. Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денеска станаа родители на Александар.
Откако Лепа Брена во медиумите изјави дека едвај го чекале бебето, се огласи и Зорица, мајката на Филип.
„ Јас сум денеска најсреќната жена на светот. Стаса нашата љубов, радост, среќа. Стаса Александар“, напиша Зорица Накиќ на Инстаграм.
Александра Пријовиќ се породи со царски рез, а бебето е тешко 2.888 грама. Свадбата на Пријовиќ и на Живојиновиќ минатато лето беше еден од најинтересните настани за медиумите, најмногу поради креациите кои ги носеше Брена.