Стасаа првите 4.680 вакцини од Србија: Вучиќ - Ќе спасите животи

Македонија доби 4.680 вакцини од ветените 8.000 дози во првиот контингент кој денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, го предаде на граничниот премин Табановце. Домаќин беше премиерот Зоран Заев кој рече дека ова е исклучителен гест на пријателство и одраз на меѓусебната поддршка.

„Оваа планетарна криза го отвори најдоброто од човештвото, поврзани сме со најдобрите вредности. Нашата денешна средба е резултат на пријателството и меѓусебната поддршка, знак за разбирањето на ситуацијата и израз на традицијата во регионот. Првата рака на помош да биде од најблискиот кон комшијата. Овој потег ги зацврстува и така добрите односи и им дава нова сила на односите меѓу нашите две земји. Упатувам огромна благодарност и до пратеникт Иван Стоилковиќ и Мирослав Недељковиќ кои имаат активен придонес во ова и во меѓудржавната соработка, рече Заев. 

Вакцините од Србија ќе влезат во националниот план за вакцинација кој постојано ќе се ажурира. Заев потенцираше дека ќе се вакцинира по редослед на одредените приоритетни групи, а за деновиве ги најави и другите вакцини од Србија. 

Што изјави претседателот на Србија, Вучиќ на примопредавањето на вакцините на ГП Табановце, прочитајте на Фактор.мк