Стојановска осудена: Актерката доби три ипол години затворска казна

Актерката Силвија Стојановска денеска е осудена на три ипол години затворска казна. Причината е шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Стојановска правосилноста на одлуката ќе ја чека на слобода.

Од друга страна пак, нејзиниот партнер Војислав Будусављевиќ со кој заедно седеа на обвинителна клупа доби затворска казна од 7 години затвор.

Обвинението вели дека Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми коакин од Колумбија во Шпанија.

„Во текот на истрагата, Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019-та година до 18.12.2019, обвинетите, заедно со тројцата обвинети од Шпанија, од кои едниот е македонмски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, учевствувале во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698 758 грама. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезвуање и сместување на кокаионот од Колмбија до Мадрид и барале купувачи“, се наведуваше во обвинението.