,

Сулејман и Шехерезад одбраа прекрасно име за девојчето кое го очекуваат: Големиот сон на актерката стана јаве (ФОТО)

Бергузар Корел и Халит Ергенч наскоро ќе станат родители по трет пат. Најпознатиот турски пар овој пат чека девојче.

Иако беше речено дека Бергузар Корел и Халит Ергенч имале брачни проблеми и дека се борат со сите сили само за да го спасат бракот, тие на најдобар можен начин докажаа дека љубовта меѓу нив е силна како и првиот ден.

Познатите Сулејман и Шехерезад повторно ќе станат родители, а овој пат девојче доаѓа во нивниот дом.
Славната двојка со нетрпение го очекува пристигнувањето на првото дете во домот, каде браќата Хан и Али најмногу го очекуваат бебето. Тие со заедничка фотографија и интересен коментар открија како ќе се вика нивната ќерка.

„Утринско кафе со Лејла“, напиша бремената Бергузар во друштво на нејзиниот сопруг и на тој начин откри дека бебето ќе добие убаво име.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)


Актерката сакаше да добие ќерка, па смисли име за неа кога по втор пат беше во блажена состојба. Ултразвукот тогаш покажа дека момче доаѓа во семејството, но убавата Шехерезад чекаше момент да ѝ се оствари сонот и да ја дочека Лејла.

извор:lepa&srecna

Ѕирнете во домот на Шехерезад и Сулејман: Славната актерска двојка има мало царство (ФОТО)