Суштината е во љубовта, не во формата: Христос се роди! Вистина се роди!
Божик е празник полн со симболика. Без разлика дали во вашиот дом Божик е традиција или сега ја учите симболиката што треба да биде почитувана, немојте да заборавите дека суштината е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието.
Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови. Според традицијата, оној гостин што прв ќе влезе во вашиот дом, рано наутро на Божик, посебно се дочекува со радост и со дарови. Симболично, тој ги претставува мудреците што дошле да се му се поклонат на Христос во пештерата. По верувањата, овој гостин целата следна година ќе носи среќа во тој дом. Божиќната погача се меси рано наутро и во неа се ставаат златни, сребрени или обични парички. Домаќинот на куќата е задолжен за кршење и делење на погачата, а секому на масата му се дава по парче. Оној што ќе ја пронајде паричката се верува дека ќе има среќа цела година. Погачата претставува дел од прославата на Божик и кога е печена се поставува на трпезата, се врти како колач, се полева со вино и на крај се крши на толку делови колку што има членови дома. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. По кршењето, следува честитање на празникот и ручек, кој е прв мрсен оброк по долгиот пост.