Сузана Турунџиева: Семејните трагедии ги претворив во мостови

Добивај вести на Viber

По подолга пауза, Сузана Турунџиева од неодамна е повторно на екраните. Нејзиното забавно шоу „Недела во три“ се емитува на 1ТВ, а популарната водителка, пејачка и писателка изгледа поубаво од било кога.

По сите трагедии кои ѝ се случија во животот, по загубата на татка си, нејзиниот брат и на партнерот Марјан Јовановиќ со кого ја има ќерката Матеа, Турунџиева остана позитивна и секогаш насмеана, по што е и препознатлива уште од почетоците на кариерата.

- Сите семејни трагедии морав сама да ги преминам. Да ги претворам во мостови. Тоа е мојата мисија - изјави таа во една прилика.

Лора и Матеа

Сузана ја има и ќерката Лора од бракот со Александар Маленко и наскоро ќе стане баба. Помалата Матеа има осум години.

- Моите ќерки се причина да останам жива - изјави Турунџиева.