СВАДБА, ПА МУНДИЈАЛ: Борко Ристовски подготвува фешта на плоштад
На само пет дена пред светското првенство во ракомет, нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски закажа свадба во скопскиот хотел „Мериот“. Со сопругата Николина се одлучиле за забава на која ќе присуствуваат околу 200 нивни роднини и пријатели, а гостите ќе уживаат во музиката на српскиот женски состав „Фрајле“ и нашите докажани интерпретатори Наум Петрески и Ѓоко Танески.
Ристовски, кој потпиша договор со португалскиот гигант Бенфика, со семејството живее во Лисабон. Двојката го има синот Душан.
- Овој период денот ми започнува во шест часот кога синот Душан е веќе разбуден, насмеан и подготвен за играње и доручек. Ме мотивираат толку многу работи кои што со самата помисла ми даваат толку енергија, толку решителност и толку желба да секојдневно бидам подобар во она што сум и што го работам. Силата и мотивацијата ја црпам од мојата фамилија, моето семејство, мојот син по кој сум неописливо луд - ни изјави Борко неодамна.