Својата убавина чесно ја плати: На 21 година се прослави со скандалозна веридба, а еве како изгледа денес (ФОТО)

Таа вели дека е зависна од операција и дека знае оти мажите сакаат оперирани девојки

Џена Бентли (32) секогаш гордо зборувала за тоа како направила неколку пластични операции за да изгледа „пожелно“ и убаво. По 14 операции вели дека сè уште не ја завршила трансформацијата, но дека „се доближува до целта за идеална убавина!“.

Џена имала 3 операции на гради, липосукција, кревање задник, дотерување, мачкини очи, филери на образите, операција на носот... Дала над 200.000 долари за ботокс и уште 15.000 долари Џена „вложила“ во мали козметички зафати.

„Секој ден сум благодарна што немав никакви компликации поради тие процедури, но нема да престанам. Зависна сум од операција и секогаш сакам повеќе. Сега веќе секој има одредена слика за тоа како изгледам и морам да се одржувам, тоа е многу работа“, рече таа, додавајќи дека „за секој маж кој не сака оперирани девојки, има 10 на кои им се допаѓа токму тој изглед“.



Џена Бентли, зајачицата на Плејбој, особено ја скандализира јавноста со врската со милијардерот Бен Браун. Кога имала 21 година, била свршена за Бен Браун, кој во тоа време бил во шестата деценија. Ги исполнија насловните страници, но љубовта пукна, а Џена оттогаш беше заборавена додека повторно не излезе во јавноста со најава дека ќе се реши кривата со која се прослави.



Тоа сепак не се случи. Наместо тоа, Џена сега се жали дека најмалку 25 нејзини профили на Инстаграм се затворени поради експлицитни слики.


ФОТО: ИНСТАГРАМ