СЗО ПОВИКУВА: Постепено да се укинуваат мерките за патување

Светската здравствена организација денеска објави дека земјите треба постепено да ги укинуваат мерките за ограничување на меѓународните патувања според проценките на ризикот и мора да им дадат приоритет на патувањaта за итни потреби.

Организацијата смета дека треба да се даде приоритет на важните патувања за итни случаи, хуманитарните активности, патувања на важни лица и враќање во земјата, па оттаму ги повикуваат државите да направат анализа на трошоците и придобивките и да донесат одлука за приоритетите, пред да се обноват меѓународните патувања.

СЗО направи и упаство за патувањата, според кое земјите мора да ги земат предвид локалните епидемиолошки состојби, националното здравје и веќе воспоставените мерки, а дали земјата треба да воведе карантин за сите патници кои доаѓаат од некаде, мора да се одлучи по проценка на ризикот од заразата.

Според СЗП меѓународните забрани за патувањата не можат да останат на сила бесконечно долго, но владите мора да направат повеќе за да го спречат ширењето на ковид прво во сопствените граници.