Таа имаше сè, но нему му направи штета: Кејт Мидлтон никогаш не зборува за дислексија и депресија, а има болна причина за тоа

Иако би се рекло дека семејството Мидлтон живее совршен живот, Џејмс Мидлтон е доказ дека сите привилегии не секогаш нудат среќа.

Најмладиот од трите деца во семејството Мидлтон е 34-годишниот Џејмс Мидлтон, и иако отсекогаш бил во сенка на попознатите сестри Кејт и Пип, неговата приказна е многу невообичаена.

Се школувал на Универзитетот во Единбург, кој го напуштил по неговата прва година. Наеднаш изјавил дека сака да се занимава со производство на торти и колачиња, а денес е бизнисмен кој постигна голем успех. 

Сепак, никогаш не му се допаднало вниманието на медиумите поради животот на неговата сестра Кејт, па уште на почетокот на нејзината љубовна врска со Вилијам, тој ги купил сите весници во областа каде што живееле, за никој да не чита за нив. Тој самиот рече дека не е подготвен да се справи со толку медиумско внимание, а неговиот претходен живот беше далеку од идеален.

Како дете, му била дијагностицирана дислексија, а депресијата му била животна мака. Џејмс рече дека популарноста на Кејт го стави под лупа на јавноста и тоа го натерало да се чувствува под притисок од сите страни. Поради тоа, тој некое време го исклучил своето семејство од неговиот живот.

Депресијата ја нарече рак на умот: и искрено зборуваше за тоа како се бореше со депресија и анксиозност во последните неколку години.

„Депресијата е она што ве држи во кревет, а вознемиреноста прави да се чувствувате виновни што сте таму“.

Едно утро пристигнал на работа и сфатил дека не може да излезе од автомобилот. Потоа му се јавил на својот лекар:

„Се сеќавам дека не бев во можност да објаснам ништо. Докторот рече: „Џејмс, дали си добро?“

Јас реков: „Не, не““. 

Денес тој живее посреќен живот, сè уште не се експонира, и е свршен со Французинката Елиза Тевен.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Како да се сестри: Мајката на Кејт Мидлтон на 66 години изгледа неверојатно (ФОТО)