Таа синоќа го тешеше Мбапе по поразот од Аргентина: Славниот француски фудбалер е во врска со оваа убава транс девојка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:instagram

Франција и Аргентина играа во големото финале на Светското првенство во Катар вчера, а Аргентинците предводени од Лео Меси го освоија првото место. Славниот французин Мбапе пак, го одведе натпреварот во продолжение со два гола за неполни две минути и ги обезбеди пеналите за Франција со хет-трик од пенал во 118. минута.

Килијан Мбапе не криеше дека му е неизмерно тешко што Франција заврши на втортото место на Светското првенство, и со тажен израз на лицето беше во текот на целата церемонија на која се доделлуваа наградите.

По ова медиумите веднаш објавија кој ќе го теши славниот Килијан Мбапе.


Тој е во врска со познатата манекенка Инес Рау откако пред неколку месеци раскина со актерката Ема Смет, пишува италијанската новинска агенција Corriere dello Sports.

Според извештаите на медиумите, Мбапе и Инес Рау се во врска веќе неколку месеци и првпат биле видени заедно за време на филмскиот фестивал во Кан во мај оваа година. Двојката подоцна била видена на јахта, а суперѕвездата на Пари Сен Жермен е уловен како споделува заеднички романтичен момент.


Која е Инес Рау?


Родена е во Париз во муслиманско семејство, од татко мигрант од Алжир и мајка со француско-мароканско потекло. Нејзиниот трансродов идентитет го открила на 24 години.


Инес Рау танцувала за диџеи на Ибица кога се спријателила со Дејвид Гета. Во 2013 година, на 23-годишна возраст, таа позираше гола за прв пат со Тајсон Бекфорд за публикација во OOB, француски луксузен магазин.

Рау беше „Плејбој“ на месецот на магазинот за нивното ноемвриско издание, што ја прави првата трансродова жена „Плејбој“.
Таа може да се пофали со над милион следбеници на Инстаграм. 


Инес од моментот кога се родила се залага за правата на трансродовите лица. Во интервју за Вашингтон пост, таа рече дека излегувањето како трансродова жена е ослободувачко искуство за неа.

„Спасувачко е да ја кажете вистината за себе, без разлика дали се работи за вашиот пол, сексуалност, што и да е“, рече таа. „Луѓето кои ве отфрлаат не вредат“.


извор:najzena