Тамара и Мачка во никогаш подобри односи: Насмеани позираа на роденденот на Хана (ФОТО)
Првородената ќерка на Тамара и Мачка наполни 7 години...
Пејачката Тамара Тодевска во бракот со поранешниот кошаркар Александар Димитровски - Мачка ги доби ќерката Хана и синот Дарен. Иако, во ноември минатата година пејачката за Женски магазин потврди дека се разведува од својот сопруг, тие постојано докажуваат дека останале во одлични односи и дека заеднички се грижат за своите деца.
Најпрво тоа го докажаа на роденденот на нивниот син, а сега и на роденденот на нивната прва радост - 7-годишната Хана.
Имено, денес, малата Хана слави роденден, а по тој повод, нејзините родители ѝ организираа роденденска забава, која е сон за секое дете. Тематиката на роденденот беше инспирирана од серијата која го освои светот. Станува збор за „Wednesday“, а дека главната хероина - Венсдеј Адамс ѝ е омилен лик на Хана, говори и фактот што таа за роденденската забава беше облечена како Џена Ортега, која всушност ја доби главната улога во серијата.
Тијана Дапчевиќ, сестрата на Тамара и тетка на Хана сподели неколку фотографии од роденденската прослава, а освен декорациите, она што на сите им го привлече вниманието беше семејната фотографијата на која насмеани позираат Тамара, Мачка, Хана и Дарен.
За тоа како изгледаше забава и како се забавуваше Хана со своите пријатели, погледнете на фотографиите во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм