Тара извојува уште една битка, не така наивна операција: Инфлуенсерката Христина Пан за нејзиниот мал борец
Познатата македонска инфлуенсерка Христина Пан која го споделува животот на нејзните близначки Тара и Хана на Инстаграм, сподели уште еден од убавите моменти од тешката војна на едно од девојчињата
Имено таа откри дека Тара поминала низ операција и сега ќе си оди дома да се опорави целосно.
„Борецов мал на сликава извојува уште една голема битка.
Во понеделникот имаше и не баш така наивна операција, а денес е на нозе и си дојдовме дома фала му на Господ и фала на целиот медицински тим на детска хирургија, тука во Скопје. Таму бевме една недела и се' помина супер. Презадоволна сум од целиот тим, нивниот однос и посветеност кон Тара.
Од ова јасно е дека резултатите од Љубљана беа добри, не супер одлични ама супер добри, по што следеше оваа операција како и повторно терапии за кои не се сомневам дека Тара ќе ги издржи и ќе победи се' на крај.
Огромно БЛАГОДАРАМ на сите што се со нас во овие тешки денови на секој можен начин, си знаат тие кои се и знаете дека ВЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ, фала и на оние другите, така се учат животните лекции и мора да ги има и нив.
Не сакав да кревам паники предвреме, поминував низ претежок период и само го чекав овој момент да помине операцијата успешно и Тара да е добра.
Сега останува да се опоравиме целосно и да уживаме на максимум додека сме дома.“