Татко и син на иста сцена: Јан го наследи талентот на Влатко
Музичкиот талент на Влатко Стефановски, го наследи неговиот син, Јан Стефановски. Јан беше дел од гостите на концертот „All You Need Is Love“ изминатиов викенд на кој татко му настапи заедно со неговиот добар пријател од Сплит, Џибони, а го организираше „Авалон“ продукција.
„ А сега, на сцената ќе повикам еден млад музичар, на тапани. Тоа е мојот син, Јан Стефановски“, го најави Влатко синот на концертот. Јан одлично се вклопи во „Влатко Стефановски трио“, а публиката го препозна неговиот талент и го награди со аплаузи.
Јан е добар пријател со семејството Тавитјaн. На Инстаграм, Стефановски од време на време објавува фотографии од дружбите на двете семејства во студиото на Тавитјан, каде што на тапаните на Гаро сениор и јуниор знае да засвири токму Јан.