Татко споделил фотка од бебето, странец му открил страшна вистина: По очите на детето, сфатил дека има сериозно заболување

Еден татко решил да ја сподели својата среќа со целиот свет, па на социјалните мрежи објавил фотографија од својата ќерка која ја избањал за прв пат. Не можел ни да сонува што ќе се случи со него само неколку моменти подоцна, кога докторка наишла на фотографијата од девојчето.

Во овој случај, имено, се покажа дека коментарот на целосен странец е од голема помош, и дека одлуката на родителите да објават вакво нешто е една од најдобрите нивни одлуки.

Анонимна лекарка забележала дека девојчето има жолтеникави белци и дека тенот и е ист. Врз основа на тоа, дијагностицирала жолтица и го упатила таткото на педијатар! Кога се стрчал со својата ќерка во прегратка до лекар, се покажало дека жената на Интернет е во право и дека станува збор за физиолошка жолтица - честа состојба за новороденчињата, што не треба да се игнорира.


Кога се појавува физиолошка жолтица, билирубинот е одговорен за тоа, жолто-зелено соединение кое се формира со распаѓање на хемоглобинот од нашите црвени крвни клетки. Се обработува во црниот дроб и се излачува преку жолчката, потоа жолчката се лачи во почетниот дел на тенкото црево и се елиминира со столицата.

Вредностите на билирубин во физиолошката жолтица на оваа возраст се до 10 пати повисоки отколку кај возрасните. Ова се случува затоа што еритроцитите на бебето повеќе се распаѓаат и ослободуваат билирубин. Исто така, на оваа возраст, црниот дроб е незрел и не може да процесира зголемени количини на билирубин.

Кога ќе забележите дека кожата на детето е жолтеникава или дека белките му се матни и даваат жолтеникав сјај, задолжително однесете го детето на лекар. Оваа состојба може да помине сама по себе, но обично е потребна медицинска интервенција. Одлуката зависи од докторот специјалист.

Запоставената жолтица кај новороденче може да стане комплицирана, па дури и да стане опасна за животот и развојот на детето во иднина. Кога детето има физиолошка жолтица, тоа е знак дека неговиот црн дроб не работи правилно, а ако болеста не се лекува, може да се наруши лачењето на албумин, што ја нарушува апсорпцијата на протеините, па болеста може да стане сериозна.

Кога ќе се забележи физиолошка жолтица на време, по можност после вториот или третиот ден од раѓањето на бебето, доволно е детето да помине половина час на ден под ламбите во инкубаторот. Ако вредноста на билирубин не е многу голема, жолтицата може да се третира со изложување на детето на сонце (детето да е поставено покрај прозорецот на блага сончева светлина).

Покрај тоа, бебето треба редовно да се дои и да му се дава дополнително вода.


Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Мајка откри необичен метод: Бананата може да ги излечи проблемите со спиењето кај децата?