Тато ме силуваше, а мама му зборуваше-Не Џо, не вечерва, уморна е: Зад лицето на сестрата на Мајкл Џексон се крие стравичен живот

Штом ќе ја погледнете Ла Тоја Џексон (64), сфаќате дека имала низа пластични корекции, кои меѓу другото вклучуваат операција на носот и зголемување на градите. Хирурзите и ја скратиле брадата, и ’ги „средиле образите “, и ги подигнале веѓите ...

Последиците од пластичната хирургија се зачудувачки, и за жал, склоноста кон неизмерни, па дури и рекордни бројни естетски корекции не е реткост во нејзиното семејство. Но, тоа е далеку од најголемите проблеми кои ги има Џексон.


За тие најтешки проблеми Ла Тоја зборувала уште во 1991 година во една телевизиска емисија, а јавноста честопати се потсетува на нејзината исповед.

Пејачката откри дека таткото Џо, кој починал во јуни 2018 година, сексуално ги злоставувал и неа и нејзината шестгодишна сестра Реби, како и дека нивната мајка Кетрин знаела сè.

„Кога твојот татко ќе излезе од креветот кој го дели со мајката и влезе во креветот со својата ќерка, а ја слушаш како му кажува: „Не Џо, не вечерва, уморна е, пушти ја да се одмори“, тоа те излудува, рекла пејачката која имала 11 години кога почнала низата стравични случувања, а која и подоцна била жртва на злоставување. Партнерите притоа ја присилувале да снима еротски филмови.


Семејството Џексон само наизглед и тоа на почетокот на нејзиниот успон на јавната сцена изгледало како среќно семејство со многу талентирани деца. Со тек на времето се дозна дека Џозеф Волтер, кој работел како менаџер за таленти бил вистински деспот и злоставувач. Бил татко на пет деца.

Покрај Ла Тоја која се прослави во 1984 година со хитот „Heart Don't Lie“, со пеење се занимава и нејзината сестра Џенет Џексон. Ла Тоја по успехот направи пауза, а потоа во 2000 се врати на сцена.