„Те сакам до месечината и подалеку“: Елена Петреска со емотивна порака му го честиташе роденденот на сопругот

Добивај вести на Viber

Пејачката Елена Петреска објави фотографија со сопругот Андреј и со емотивна порака му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден љубов моја. Не ти посакувам ништо друго освен најдобро. Те сакам до месечината и подалеку. Ти си најчистиот и најголемиот човек што некогаш сум го запознала. Ти го заслужуваш најдоброто. Смеј се и бидете среќен секој ден“, напиша Петреска.

Фотографијата со која пејачката му го честиташе роденденот на сопругот е од романтичното патување на парот во Италија во месец март, од Милано во Галерија Виторио Емануеле II, културно здание кое е спој на средновековниот раскош и модерниот луксуз.

Петреска ужива во прошетките низ Монс каде во моментов живее со нејзиното семејство и кое е само 50 километри оддалечено од Брисел, но често ги посетува Франција и Холандија.

Фото: Инстаграм

Од Лил, преку Милано до Комо: Елена Петреска на романтичен викенд со сопругот

    Елена Петреска и сопругот Андреј им го остварија сонот на нивните деца: Ги однесоа на место каде цртаните јунаци се реалност