Актуелно // Insta вести
Ти благодарам за безусловната љубов и за тоа што си најдобар татко на нашиот син: Даниел Кајмакоски и сопругата Марина слават една година брак
Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина,
прославија годишница од брак.
Сопругата на Кајмакоски, му посвети емотивни зборови на
пејачот:
„Ти благодарам на безусловната љубов, големата почит и секојдневната поддршка.
Ти благодарам што си најдобриот татко на нашиот син. Ти благодарам што толку ја
сакаш и ја чуваш Нера. Најдобар човек си што го познавам. Среќна годишница од
брак. Те сакам“, напиша Марина.
Парот живее во Белград и го имаат синот Стефан кој го добија на празникот Велики Четврток, минатата година.
Инаку ова е втор брак за Кајмакоски. Тој претходно беше во брак со манекенката и пејачка Кристина Димитри, со која го има синот Давид кој има 6 години.
Фото: Инстаграм