Тие се 82 години во брак: Тајната за успехот ќе ве остави без зборови

Дури и сега, двајцата претпочитаат да го поминат своето време заедно.

Возрасна двојка од американската држава Јужна Каролина ја откри својата тајна за долг и среќен брачен живот, по повод нивната 82-годишнина од свадбата. 103-годишниот Даниел и неговата сопруга која има 100 години Вили Вилијамс се запознале во 1935 година. Нивната љубов била толку силна што две години подоцна тие решиле да стапат во брак. Оттогаш, отсекогаш биле заедно.

Во чест на нивната  82-ра годишнина од свадбата на Вили и Даниел, нивните најблиски направиле големо славење на кое дошле 115 лица.

Сопружниците виделе многу работи во животот. Поминале низ војни, голема депресија, па дури и борба за правата на црнците. Даниел и Вили забележале дека и покрај нивните тешкотии, тие секогаш се сретнувале со добри луѓе на патот.

Најголемото прашање кое ги интересираше сите беше како семејството Вилијамс успеа да живее толку долго заедно во мир и хармонија.

Според Вили, тоа било многу едноставно.

„Нема никаква тајна. Сè што треба да направите е да бидете добри едни кон други. Никогаш не се расправаме и не се бориме, и ако се случи некаков конфликт, разговараме за тоа и секогаш наоѓаме решение заедно“, вели постарата жена.

Дури и сега, двајцата претпочитаат да го поминуваат своето време заедно - гледајќи стари ТВ-емисии или решаваат крстозбор.

И нивната внука секогаш вели дека за неа, тие се пример за тоа како две лица треба да постапуваат едни кон други за да бидат среќни.

„Баба и дедо се многу добри пријатели. Тие комуницираат и донесуваат одлуки заедно, тие постигнуваат сè заедно и сите ги сакаат затоа што се вистински“, додава младата жена.